Во четвртиот квартал лани со воз превезени 64.000 патници, 149.536 со авион

Во четвртиот квартал лани во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 692 илјади, во градско-приградскиот 9.312.000, во железничкиот 64.000, а во воздухопловниот превоз 149.536, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2020 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 6,8 проценти, во железничкиот превоз е намаленo за 8,7 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 5,3 проценти.