Во четирите општини каде се гласа излезноста до 15 часот е многу мала – 18,8 отсто


 

До 15 часот, на повторените избори за градоначалник што денеска се одржуваат во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи, соопшти Државната изборна комисија.

Најголема излезност е забележана во Врапчиште, каде до 15 часот гласале 5.730 гласачи, односно 21,01 отсто. Во Гостивар своето избирачко право го искористиле 14.770 гласачи, што е 17,85 отсто. Во Центар Жупа гласале 831 гласач, односно 10,99 отсто, додека во Маврово и Ростуше гласале 1.967 гласачи, што претставува 18,60 отсто.

Во споредба со гласањето на 19 октомври 2025 година, до 15 часот се забележуваат разлики во излезноста по општини. Во Врапчиште излезноста е зголемена за 6,47 отсто, додека во Гостивар е намалена за 3,01 отсто. Намалување е евидентирано и во Центар Жупа за 6,13 отсто, како и во Маврово и Ростуше за 1,54 отсто.