Во Чаир пред две недели излезноста во 15 часот беше 35,65, а денес само 8,83 отсто


Фото: Б. Грданоски

 

Во скопските општини Чаир и Сарај каде пред две недели беа избрани градоначалници на општините во првиот круг, излезноста на гласачите е драматично намалена.

Во Чаир денеска излезноста е само 8,83 отсто, додека во првиот круг таа беше речиси за четири пати поголема – 35,65 проценти.

Со Сарај излезноста е уште помала: до 15 часот гласале само 6 проценти од избирачите, додека пред две недели дури 36,32 отсто. Значи, шест пати помалку.

Очигледно дека гласачите на во Чаир и Сарај се малку мотивирани за гласањето за избор на градоначалник на Скопје.