Во Бутел ќе се гради поликлиника, објави градоначалникот Костовски

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски пред малку сподели, како што вели „мега вест“ за граѓаните на оваа општина.
„Помина последната одлука на Влада за нова поликлиника во Општина Бутел. Проект спремен, локација обезбедена, обезбедени 117.725.000 денари“, информираше Костовски.
„Благодарам на премиерот Христијан Мицкоски кој суштински помогна за најголемото барање на граѓаните на Општина Бутел да стане реалност“, се заблагодари Костовски во објавата на Фејсбук.