Во Бразил запленети речиси 2,5 тони кокаин
Бразилската полиција соопшти дека во едно предградие на Рио де Жанеиро откри и заплени 2,46 тони кокаин.
Во акцијата приведени се две лица. Кокаинот се чувал во хангар.
Полицијата соопшти дека тоа е најголемо количество запленети наркотици во Бразил.
Изминатите години Бразил стана една од земјите од каде се шверцува кокаинот од Јужна Америка во Европа.