Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, деветмина загинаа

Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, при што деветмина загинаа, а еден се здобил со тешки повреди.
За време на вежбата која се одвивала во неделата наутро во пештерата Дуас Бокус паднал еден нејзин дел и десетимина останале заробени.
Бразилското министерство за безбедност соопшти дека во тој момент на обуката учествувале вкупно 26 лица, пишува Скај њуз.
Преживеаниот пожарникар се здобил со скршеници
Според противпожарната служба на Сао поло, преживеаниот пожарникар се здобил со повеќе скршеници и дијагностицирана му е хипоермија. Пренесен е во болница.
Полицијата јави дека при уривањето уште шестмина се полесно повредени, но тие не биле заробени во пештерата па брзо им била пружена медицинска помош.
пештерата се наоша во близина на местото Алтинополис, околу 300 км северно од Сао Паоло.