Во Бразил опаѓа бројот на новозаразени


 

Во Бразил забележителен е трендот на намалување на ширењето на корона вирусот, а во петок беа регистрирани 30.355 нови случаи, што е за 15.000 помалку од ден претходно.

Во последните 24 часа починаа 1.054 лица, соопшти министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата заразени се повеќе од 3,5 милиони луше, а официјалниот број на починати е 113.358, пренесе Ројтерс.

Претставникот на Светската здравстевена организација Мајк Рајан на прес-конференцијата во Женева рече дека ситуацијата во Бразил се стабилизира, пренесувањето на вирусот успорува, а единиците за интензивна нега се под помал притисок.

Оцени дека требдот во Бразил е стабилен и опаѓа.

„Во многу делови на Бразил јасен е опаѓачкиот тренд. Прашање е само дали тоа е затишје и дали така може да продолжи“, додаде Рајан.

Бразил донеодамна бележеше и по 50.000 или 60.000 нови случаи.

Според Рајан, големите земји како Бразил, Индија и САД ќе поминат долг пат додека не ја стават заразата со Ковид-19 под контрола, што ќе влијае на сузбивање на пандемијата глобално.

„Секој успех на Бразил е успех за целиот свет“, рече Рајан.