Во Босна и Херцеговина има 1.186 новозаразени со корона вирусот, починаа 52


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 1.186 случаи со зараза од корона вирус, што претставува раст ово однос на вчерашниот ден кога имаше 547 новозаразени. Направени се 3.673 тестови, а починаа 52 пациенти.

Во Федерацијата тестирани се 2.452 примероци, од кои 717 се позитивни, а досега тестирани се вкупно 265.599 примероци, додека корона вируспт е потврден кај 52.037 лица.

До денеска во Федерацијата излечени се 33.133 пациенти, а активни се 17.491 случаи.

Пријавени се нови 22 смртни случаи, а вкупно во федерацијата починаа 1.413.

Во Брчко регистрирани се 57 новозаразени, а тестирани биле 148. Починале тројца пациенти.

Во Република Српска има нови 412 заразени од 1.073 тестирани.

Пријавени се и 27 смртни случаи.

Досега во РС потврдени се 28.138 случаи, а починаа 913. Оздравеа 13.761, атестирани се 127.984 лица.