Во битолскиот затвор ќе се санира опожарената просторија


Во КПУ Затвор-Битола денеска ќе се санира просторијата на притворско одделение кое синоќа беше опожарено од притвореници во затворот.

Во текот на денот ќе бидат истражени причините за предизвиканиот пожар во притворското одделение кое со брза интерванција на чуварите и внатрешната противпожарна заштита бил изгаснат.

Како што синоќа информираше МИА, на дел од чуварите кои вдишале чад им беше пружена итна медицинска помош, и тие се чувствуваат добро.

Притворените лица ќе бидат преместени во друга просторија се додека исчаденото притворско одделение и оштетената инсталација се санираат.