Во авионот што падна во Вашингтон имало и уметнички лизгачи од Русија (видео)


 

Двајца уметнички лизгачи од Русија, се наоѓале во авионот што падна во реката Потомак во вашингтон, откако се судри со воен хеликоптер.

„Двајца уметнички лизгачи од Русија беа во авионот кој се сруши“, пренесе руската агенција ТАСС.

Руските уметнички лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на Американ ерлајнс кој се урна во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Шишкова и Наумов, кои се во брак од 1995 година, ја освоија светската титула во уметничко лизгање во 1994 година.

Сопругата ми прати порака дека слетуваат за 20 минути

Хамад Раза, кој на аеродромот „Реган“ ја чека сопругата вели дека таа му пратила порака дека следуваат за 20 минути, кога ја дознал веста дека авионот нма „Американ ерлајнс“ се срушил.

„Ми прати порака дека слетува за 20 минути“, рече Раза за „Си-би-ес њуз“. „Само се молам некој сега да ја извлече од реката“, додава тој.

Американските медиуми јавуваат дека авионот е под два метри вода и дека е преполовен, додека хеликотерот завршил на покрив. Реката Потомак, на тоа место е длабока над 7 метри. 

Се појави снимка од надзорни камери на кои се гледа експлозијата при сударот:

 

Потврдено е дека нуркачи ја пребаруваат реката со цел да ги извлечат жртвите. Сепак, мора да се нагласи дека условите се многу тешки. Темно е. Нема светлина и премногу е студено, како водата во реката, така и температурата на воздухот. Сега е нешто по 2 часот ноќе во главниот град на Америка,  а сите служби работат на пронаоѓање на жртвите и остатоците од авионот. Досега се пронајдени 18 тела. Сѐ уште не се најдени преживеани 

Надлежните се јавуваат со пораки за сочувство и уверуваат дека ќе бидат преземени сите мерки за да се открие што доведе до ваква несреќа. 

Од армијата потврдија дека се работи за нивни хеликоптер „блек хок“. 

Претседателот Доналд Трамп се огласи откако беше информиран за падот на авионот.

Во изјавата на Доналд Трамп, објавена од Белата куќа, се вели: „Целосно сум информиран за страшната несреќа што штотуку се случи на националниот аеродром Реган“.

„Господ да ги благослови нивните души. Bлагодарaм за неверојатната работа што ја вршат нашите први одговорни лица. Ја следам ситуацијата“.