Во август над 226 илјади туристи, најмногу од Турција

Во август годинава во земјава имало 226 179 туристи кои оствариле 846 221 ноќевања. Од нив 48 отсто се домашни, а 52 отсто странски туристи од кои најголем број – 49 093 се од Турција, 10 309 од Србија, 5 202 од Романија, а 5 075 од Холандија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,4 отсто од вкупниот број на ноќевањата во август се реализирани од домашните туристи, а 26,6 отсто од странските туристи.
Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,8 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 1,4, а кај странските зголемување за 11,6 отсто. Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 1 отсто при што кај домашните туристи има намалување за 4, а кај странските има зголемување за 8,1 отсто.