Во Аргентина рекорден број на заразени и починати од Ковид-19 на дневно ниво


Во Аргентина се потврдени 8.731 нови случаи на коронавирус, што е рекорд од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број на заразени лица во оваа јужноамериканска земја достигна 350.867.

Во изминатите 24 часа, 381 луѓе починале од коронавирусот, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата.

Вкупно 7.366 луѓе починале од коронавирус од почетокот на пандемијата во Аргентина.

Првиот случај на коронавирус во Аргентина беше потврден на 3 март, а карантинот беше воведен на 20 март.

Властите почнаа со олеснување на рестриктивните мерки во повеќето провинции од 4 јуни, а карантинот во главниот град Буенос Аирес е продолжен до 30 август.