Во април 68,1 отсто од потрошената струја од домашни извори
Во април годинава во земјава вкупно биле потрошени 587.015 мегават часови електрична енергија, 12,512 милијарди нормални кубни метри природен гас, 398.917 тони јаглен и 76.898 тони нафтени продукти.
Од потрошената електрична енергија 68,1 отсто е од домашно производство, додека 96,8 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.