Во Ангола ископан розов дијамант, најголем во последните 300 години


Рударите во Ангола, ископаа розов дијамант за кој се верува дека е најголем пронајден во последните 300 години.

Австралискиот оператор на наоѓалиштето во Ангола наведе дека розовиот дијамант од 170 карати наречен е Луло роуз. Дијамантот е пронајден во рудникот Луло на североистокот на земјата кој е богат со дијаманти и е еден од најголемите розови дијаманти досега пронајдени.

Историското откритие на дијамант од типот IIa, еден од најретките и најчисти облици на природен камен, го поздрави анголската влада, која е партнер во рудникот.

„Овој рекорден и спектакуларен розов дијамант ископан во Луло продолжува да ја претставува Ангола како важен играч на светската сцена“, рече анголскиот министер за минерални ресурси Дијамантино Азеведо.

Дојамнтот ќе биде продаден на меѓународна аукција, веројатно по вртоглава цена.