Во Албанија 344 милијарди леки циркулираат надвор од банкарскиот систем
На крајот на минатата година повеќе од 344 милијарди леки (2,8 милијарди евра) циркулирале надвор од банките во Албанија.
Ова се податоците на Централна банка на Албанија, според кои е забележано највисокото историско ниво од 2002 година од кога почнало објавувањето на овој податок. Оваа вредност претставува највисок годишен раст со 53 милијарди леки.
-Се чини дека и пандемијата со коронавирусот исто така го зголеми протокот на пари во готово и покрај мерките преземени од властите за поттикнување на употребата на банкарската индустрија. Од крајот на февруари, пред да започне пандемијата, овој показател се зголемил за повеќе од 55 милијарди леки. Во однос на вкупниот износ на пари, вон банкарскиот систем циркулираат 23,6 отсто, Пренесува Ора њуз телевизија.
Според експертите, готовинската циркулација на пари е показател за високото ниво на информалност во земјата.
Нивото на пари надвор од банките од околу 24 отсто од вкупниот износ е многу повисоко од просекот на Европската унија и регионот.
Според податоците на Европската централна банка, во еврозоната нивото на пари надвор од банките е околу 9 отсто од вкупниот износ. Дури и во регионот овој индикатор е помал од 10 проценти.