Во Аеродром повторно возило превртено на покрив


 

На булеварот „Трета македонска бригада“ во близина на ПТТ училиштето во Скопје, вчеравечер се случи сообраќајна несреќа во која возачот на возило „Форд фокус“, веројато поради голема брзина, изгубил контрола врз возилото и удрил во заштитната ограда меѓу двете ленти од булеварот, по што возилото се превртело на покрив. 

Нема повредени во сообраќајната несреќа која се случи вечерва во Аеродром, информираат од МВР.

– На 23.11.2023 во 20 часот добиена е пријава дека на бул.3-та Македонска Бригада возило Форд со скопски таблички, управувано од Г.В. (39) се превртело. До сега нема пријавено повредени лица, се прави увид, соопштија синоќа од МВР.