Внук го претепал својот дедо кој потоа подлегнал на повредите


Шеесет и шест годишниот С. М. од Кочани, кој бил физички нападнат во неговиот дом, од неговиот внук В.З.(19), починал вчера околу 13:00 часот во Клиничката болница Штип.

Како што соопшти МВР, на С.М. од страна на внукот му биле нанесени повреди со метален предмет и камен во пределот на главата.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. В.З. е приведен и задржан во Полициската станица Кочани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител.