Внимавајте, повторно се појавија лажни СМС пораки од Македонска пошта


Повторно се појавија лажните СМС пораки за кои наводно пристигнуваат од Македонска пошта. И пред неколку месеци имаше една ваква слична појава каде најпрво беше реагирано на социјалните мрежи за подоцна телефонските оператори да ги блокираат овие броеви.

Малку е нејасно како телефонските оператори дозволуваат оваа појава да се повторува, а граѓаните да бидат постојано мета на вакви измами. За оние кои што не знаат на вашиот мобилен телефон ви пристигнува порака со линк од наводниот сајт на Македонска пошта која е речиси идентичен со оргиналниот што значи дека некој многу се потрудил да ја направи оваа измама поуверлива.

Линкот ве води до место каде што ви ги бараат да ги оставите вашите лични податоци како име, презиме и број на трансакциската сметка каде за момент измамниците ќе ви одземат илјадници денари од вашата сметка.

При ваков случај препораката е да не го отварате линкот, веднаш блокирајте ја пораката и известете го вашиот телеком оператор.