Вмровската колона запрена под Кале, само делегација може да оди во „Свети Спас“


 

Поголема група луѓе од неколку стотици лица членови на ВМРО-ДПМНЕ тргна од седиштето на па партијата кон црквата „Свети Спас“ каде се одбележува денот на раѓањето на Гоце Делчев. Бидејќи според безбедносните протоколи пристапот кон црквата е ограничен само на делегации по неколку лица, вмровска група е запрена долу кај подвозникот под калето и очигледно сега има некаков вид разговори како да се продолжи понатаму.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изминативе денови изјавуваше дека ќе бидат применети строги безбедносни протоколи без оглед за кого се работи, дали домашни или странски почитувачи на Делчев.