ВМРО-ДПМНЕ: Вечерва не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека вечерашнава прес конференција на премиерот Димитар Ковачевски не била изложување план за излез од енергетската криза, туку била реакција на претходна понуда на Мицкоски
„Добро е што Ковачевски се потрудил и ги изанализирал мерките кои Мицкоски утринава ги предложи за стопанството. И тоа го поздравуваме и веруваме дека причината за таканаречена вонредна прес конференција не се штурите и делумно ископирани мерки кои ги видовме вечерва, туку целосната понуда и прецизен план кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го даде утринава. Но тоа не е доволно, зошто вечерва не видовме план, туку прес конференција која е реакција на претходна понуда“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека е добро што Владата го прифати предлогот Здравствените установи и школите да влезат на регулираниот пазар на струја, но истото треба да се случи и со јавните претпријатија каде се вработени над десетина илјади граѓани и каде десеткратно повеќе луѓе од тоа користат услуги кои тие ги обезбедуваат.
Жалиме што не смогна сили Ковачевски да се надмине себе си и не ја прифати понуда на Мицкоски за поевтина струја за половина од актуелната цена и да го обезбеди бизнис секторот заштитувајќи го стандардот на граѓаните и зачувувањето на работни места, соопштија од партијата.