ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Јакимовски е кандидат на СДСМ

Стевчо Јакимовски е кандидат на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев за градоначалник на општина Карпош, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
-Кандидатот на СДС, Филипче и Заев, Јакимовски во 2021 година лажеше дека ќе биде изграден подземен паркинг и дека сите возила ќе одат во подземно паркирање, а горе ќе има еден прекрасен плоштад со најубавата фонтана во Република Македонија.Се испадна чиста лага, ниту подземен паркинг направи, ниту пак ја направи најубавата фонтана во Македонија, на ветените локации граѓаните сведочат само за купишта ѓубре.
Нема ништо од планот од 4 милиони евра за Лептокарија, кој кандидатот на СДС, Заев и Филипче го вети во 2021 година, ниту пак фасадите на зградите се смените. За зградите во Лептокарија тој ветуваше дека ќе добијат нови убави фасади и целата оваа област ќе биде убаво хортикултурно аранжирана. Но, по четири години фасадите на зградите се истите стари фасади од пред 20, 30 години, твдат од ВМРО-ДПМНЕ .