ВМРО-ДПМНЕ со партиски кадар ја „департизира“ АНБ


 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, тврдеше денес на прес конференција дека наспроти СДСМ кои ја партизирале АНБ, тие сега ќе ја департизираат ставајќи на чело на оваа агенција партиски функционер. 

„СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата. Ова е извадок од интернет страница на СДС, името на Виктор Димовски како член на ИО на СДС е веднаш зад тогашниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски. Виктор Димовски е исто толку СДС колку што се и Зоран Заев и Венко Филипче.Виктор Димовски е чист партиски кадар на СДС и тој ја партизираше службата и стави под прогон голем број професионалци.Со Виктор Димовски на чело на безбедносната служба ни се случуваа скандали како Онишченко, се издаваа пасоши на белосветски наркобосови и криминалци.

СДС нема кредибилитет да зборува за АНБ, затоа што тие ја партизираа и го кородираа системот на националната безбедност. АНБ и АР работеа за СДС наместо за граѓаните.Владата на ВМРО-ДПМНЕ воведува професионализациjа во службите за безбедност. АНБ и другите служби ќе работат за граѓаните, тврдеше Петрушевски на прес конференцијата.  реакцијата е одговор на барањата да се повлече именувањето на Бојан Христовски за прв човек на АНБ, бидејќи не го исполнува условот да не е партиски член, има проблематичен сертификат за англиски јазик (од центар што не постои) и не се знае дали бил доволно време на раководна функција.