ВМРО-ДПМНЕ рони солзи: Венко Филипче не бил заинтересиран за СДСМ


Фото: Б. Грданоски

 

Тежок коруптивен скандал во Платежната агенција за земјоделството, очаен извештај на Европската комисија, странски компании со заминуваат од земјата, судиите му испраќаат писмо на премиерот дека им се смачило од неговите навреди, а ВМРО-ДПМНЕ секој ден рони солзи како реки дека Венко Филипче воопшто не бил заинтересиран за партијата што ја води – СДСМ. Според ВМРО-ДПМНЕ, не само што не бил заинтересиран за партијата, туку уште помалку го интересираче граѓаните и државата.

„Филипче секој ден се интересира само за една работа, а тоа е како да ги задоволи желбите на Зоран Заев и како заедно со него да го минува времето во луксузни вили, јахти во соседството или во Дубаи.

Да беше малку заинтересиран за јавното добро Филипче за почеток ќе направеше нешто добро за СДС, ќе започнеше со консолидирање на партијата, поставување на нови и квалитетни кадри. И доколку Филипче почнеше да прави нешто добро за партијата во државава ќе имаше здрава опозиција“, вели ВМРО-ДПМНЕ во редовната утринска доза соопштенија. И додава:

„Додека Филипче и Заев заедно ги влечат конците во СДС единствен резултат ќе бидат расипнички политики. Токму затоа оваа политика ќе значи крај за СДС“.