ВМРО – ДПМНЕ предлага преодна стратегија за справување со здравствено-економската криза


ВМРО-ДПМНЕ смета дека во првите 100 дена од работењето на новата влада е неопходна преодна стратегија за справување со здравствено-економската криза. Според Дарко Лазаров, претседател на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ, ваквата стратегија е потребна поради тоа што се соочуваме со предизвикот на здравствена – економска криза заради неуспехот на Владата во изминативе 3-4 месеци да се справи со истата.

„Тимот кој што работеше на програмата и поголем број експерти во рамките на партијата и надвор од неа процени дека мора да се изработи една ваква преодна стратегија во насока на премостување во овој период особено во наредните два квартали до крајот на 2020-тата година“, истакна Лазаров на денешниот Life chat на  ВМРО-ДПМНЕ на кој се презентираше „Преодната стратегија за справување со здравствено-економската криза“.

Лазаров детално се осврна на деловите на стратегијата – финансиска поддршка на сите граѓани кои што на некој начин се погодени од кризата. Вториот дел е поддршка на реалната економија односно на приватниот сектор. Бидејќи од приватниот сектор зависи од тоа колку брзо ќе се ревитализира Македонија и економијата. Третиот дел е поддршка на младите, бидејќи тие се иднината на Република Македонија. И четвртиот дел од третиот сегмент е поддршка на земјоделците, земјоделскиот сектор.
Лазаров нагласи дека целта на оваа стратегија е да се обезбеди што е можно побргу закрепнување на македонската економија, и што е можно помали негативни ефекти кои ќе се одразат на истата економија.
Стефан Андоновски, советник за меѓународна политика посочи дека со преодната стратегија ќе може да се пристапи и да се помогне на ранливите категории на граѓани.
Андоновски додаде дека мерките се поделени на три главни компоненти. Трите мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предвидува предвидено е помош од над 50 милиони евра, која што ќе биде директно вбризгана кај граѓаните. Првата мерка е поддршка на граѓаните со ниски примања и невработените граѓани. Втората мерка е 150 евра директна еднократна помош за невработени лица. Третата мерка е обезбедување 200 евра парична помош за сите лица кои ги изгубиле своите работни места за време на кризата. И обезбедување еднократна парична помош на лицата кои што да ги искористат како ваучер за туризам.
Беа презентирани и проектите од предизборната програма за млади, и Преодната стратегија, во кои има проекти за вработување на 50.000 млади луѓе до крајот на мандатот, неповратни средства, ослободување од данок на доход, ослободување од партиципација за студентите, покривање на трошоци за основно образование и многу други проекти за младите луѓе…