ВМРО-ДПМНЕ појаснува: САД ги запреа само иселеничките визи, другите важат


Фото: Б. Грданоски

 

По изненадувачката вест од САД дека земјата ја ставила на список и Македонија за суспендирање на иселеничките визи и многуте реакции овде, ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека пласирал „тенденциозна манипулација со цел дефокусирање од сопствениот неуспех.

Да разјасниме за јавноста и граѓаните СДС користи дезинформации за американската визна политика. Факт е дека не станува збор за забрана за патување, ниту за целосен прекин на визи за граѓаните. Едноставно, станува збор за времена пауза на постапки поврзани исклучиво со иселенички визи за САД, за којшто има најмал број на апликации.

Ова не претставува никаква пречка и не постои никакво ограничување за другите категории на визи како што се туристичката виза, студентска итн. Политиката останува непроменета по однос на овие визи.  

Воедно сакаме да ја потсетиме јавноста и СДС дека кога се појавија податоците за тарифите за даноците од САД, опозицијата критикуваше дека сме вброени во земјите со највисоки тарифи, а кога ВМРО-ДПМНЕ издејствува да бидат најниски, СДС ги снема, наеднаш исчезнаа од јавноста“, реагираат од партијата.