ВМРО-ДПМНЕ отвори и свој поткаст


 

Бескрајните гостувања ваму и таму по телевизиите, на радијата, во поткастите изгледа не е доволно за ги задоволи барањата на ВМРО-ДПМНЕ за појавување (т.е. доминација во етерот), па од неодамна партијата отвори и свој поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“. На одреден начин тоа е во согласност со стратегииите во минатото на ВМРО-ДПМНЕ, кога таа ангажираше новинари кои ќе пишуваат и ќе издаваат партиски магазини. Сега печатените медиуми се архивирани во историјата и доаѓа време за дигиталната ера.

Емисијата, чиј водител е Валентин Манасиевски, се емитува од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се емитува секоја среда и недела на Фејсбук и на Јутјуб. Партијата сака еднаш во неделата таа емисија да биде контактна и во интеракција со граѓаните да биде конкуренција за таквите програми на националните телевизии. Засега, гости на поткастот се само пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и емисијата е платформа на жестока партиска пропаганда.