ВМРО-ДПМНЕ оцени дека Филипче „забегал“


Фото: Б. Грданоски

 

Реакцијата на владајачката партија ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на опозициската СДСМ беше навредлив оценувајќи дека тој „забегал“. „Му посакуваме да оздрави побрзо и да престане да живее во паралелен универзум“, велат од владејачката партија.

„Филипче постави прашање за непостоечка тема, т.е. дали во Македонија ќе има мигранти, на чие прашање, одговор доби и од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, и дополнително секојдневно на прес-конференции одговараме дека мигранти во Македонија нема да има. Сепак, господинот Филипче денес пак праша дали ќе има мигранти? Се чудиме дали воопшто стигнува до него нашиот одговор, ама еве пак да му кажеме, мигранти нема да има.

Филипче прашува дали ќе потпишеме резолуција која СДС ќе ја предложи за непостоечката тема мигранти? Господине Филипче, таква резолуција колку што знаеме немате подготвено, ниту пак доставено, и со тоа не можеме да потпишеме ништо.

Филипче говори за синоќешниот упад во една новинарска редакција, ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш го осудивме тој чин и отфрламе какви било поврзаности со тој случај“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.