ВМРО-ДПМНЕ: Не може Груби да се сомничи за криминал, а Ахмети да е чесен


Бране Петушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, побара денес  Артан Груби не само да си замине од политиката – туку и да ги врати парите за кои се сомничи за криминал.

-Потребна е одговорност на сите оние кои во ДУИ му даваа политичка поддршка и во СДС кои му беа оперативци во криминалот. Артан Груби не бил сам во случаите на сомнежи за криминал. Тој имал свои соучесници кои мора да одговараат.

Не е можно Артан Груби да се сомничи за криминал, а Али Ахмети да е чесен. Треба да одговара и Ахмети за сето она што им го направи на граѓаните на Македонија и Албанците кои ги злоупотребуваше и се богатеше на нивен грб како и Македонците кои здружно со СДС ги крадеа.

Борбата на ДУИ и СДС е за спас на криминалци како Артан Груби, затоа создаваат атмосфера на етнички тензии.Циркусот пред Уставен суд беше само за дефокусирање од криминалите на ДУИ и СДС кои забрзано излегуваат на виделина. Сега откако помина 11-ти, ништо не се случи и ДУИ се демаскирани, порача Петрушевски.