ВМРО-ДПМНЕ на саем, СДСМ на терен

Регионален натпревар во рамките на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ се одржа денеска во Струмица во организација на Социјалдемократската младина на Македонија – СДММ. Младите од југоисточниот регион играа за хумани цели и заедно собираат средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост,а свој придонес даде и генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ кој ги поддржува овие хуманитарни акции на СДММ.
Тој попладнето ги продолжи теренските активности во Југоисточниот регион од државата и по средбите во Струмица и Радовиш, се сретна со членовите и симпатизерите на СДСМ од општина Валандово.
-Да се биде дел од СДСМ значи да се биде биде на вистинската страна на историјата, но значи и обврска, задача, да се работи за иднината на младите, порача Зечевиќ.
На Денот на општината и ослободувањето на Валандово, тој потсети на вредностите на НОБ и идеалот на нашите предци.
-СДСМ почива на вредностите на НОБ, ние сме наследници на борбата и идеалите на нашите предци. Нивното дело, нивната генерациска борба ги постави темелите на слободна и независна македонска држава. Политичката борба на оваа генерација македонски политичари е врз основа на тие вредности да се избориме за европска иднина на младите, рече Заечевиќ.
Генералниот секретар на СДСМ повика на обединување околу концетот на европска Македонија и максимална мобилизација на членовите на партијата.
-СДСМ е зајакната и внатрешно консолидирана, повторно на победничките патеки. Се согласуваме со тоа како треба да изгледа македонската иднина, дека нашиот европски пат треба да заврши со полноправно членство во ЕУ. Потребно е обединување и максимална мобилизација за остварување на македонската национална цел. За тоа ќе биде потребна и вашата помош, заедно да покажеме кој е вистинскиот пат за нашата преубава татковина. Со заеднички сили да им ја обезбедиме европската иднина на младите македонски генерации. Тоа е наша должност и обврска, рече Зечевиќ.