ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска доби функција бидејќи ги штити фирмите на Заеви


ВМРО-ДПМНЕ реагира на изборот на новите функционери на СДСМ, оценувајќи дека  Сања Лукаревска се најде на позицијата заменик претседател на партијата бидејќи ги  ги штити фирмите на Заеви.

-Фирмите на Заеви секој квартал се во врвот на листата на должници за ДДВ, и не видовме ниту слушнавме за некоја акција од УЈП. Тоа е Сања Лукаревска, извршител на Заев, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. За нив добар избор не е ниту Битиќи кој, како што сметаат, не донел ниту една инвестиција, а има  6.200 затворени фирми и 60.000 останати без работа.