ВМРО-ДПМНЕ ќе нема свој кандидат за Кочани, ќе го поддржи независниот Влатко Грозданов

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница одреди уште петмина кандидати за градоначалници на локалните избори. Партијата нема да предложи свој кандидат за Кочани по трагедијата во дискотеката „Пулс“, туку ќе го поддржи независниот кандидат Влатко Грозданов. Тој е лекар во приватната болница „Ремедика“.
За Кисела Вода партијата ја одреди пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска. Кандидат за Старо Нагоричане е Мирослав Славковски, за Дојран Илија Тентов, Сашко Велјановски за Долнени и за Ранковце Даниел Павловски.