ВМРО-ДПМНЕ им верува на досегашните градоначалници


Фото: Б. Грданоски

 

Сите предложени кандидати за градоначалници од партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг се актуелни први луѓе на градовите, освен тројца. Владејачката партија синоќа предложи 25 кандидати. Од нив 22 веќе ги водат нивните општини во изминативе четири години, додека тројца кандидати се за општините Чучер Сандево, Делчево и Берово, каде ВМРО-ДПМНЕ не е на власт, туку коалицијата на СДСМ.

Како и на ланските парламентарни избори и на годинашниве локални ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со речиси со истите кадри на кои им верува раководството и е убедено дека тие многу добро си ја вршеле работата во општините. Во наредниот период треба да се одредат кандидатите за другите општини и за градот Скопје. Доколку кандидат биде градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ќе има претумбации во скопските општини.

Една од поголемите неизвесности е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи лидерот на коалицискиот партнер ЗНАМ, Максим Димититриевски, за уште еден мандат во Куманово или ќе оди со свој кандидат. Во тие калкулации е и кандидатот за општина Центар – дали ќе биде на ВМРО-ДПМНЕ или ЗНАМ.