ВМРО-ДПМНЕ го обвини ДУИ дека „сее магла“, порачува да ја слушнат изјавата на Мицкоски
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираше на акцијата на ДУИ пред Уставен суд, односно на чувањето „Старжа на јазикот“ обвинувајќи дека оваа партија „сее магла“.
„ДУИ да ја слушнат изјавата на претседателот Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да се случи ништо“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Од таму додаваат ДУИ „на овој начин сеат магла иако знаат дека во среда нема да се случи ништо“.
„И откако нема да се случи ништо ќе треба да кажат дека ДУИ ја спасиле работата. А во суштина протестите се политичарите замешани во криминал од ДУИ против судиите на ДУИ. Нашиот совет е да не мрзнат и да не прават фешти кои се гол ПР“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.