ВМРО-ДПМНЕ ги уценува Шилегов и Деспотовски со кривични пријави, тврди СДСМ
СДСМ тврди дека Петре Шилегов и Јован Деспотовски биле уценети од ВМРО-ДПМНЕ со кривични пријави и затоа тие работеле на ослабување на партијата. И дава свои толкувања на критиките на Деспотовски и Шилегов на работењето на парртијата:
„Против Јован Деспотовски е поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција со сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување.
Осомничен е дека како службено лице – директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во Скопје во 2022 година, заедно со други службени лица му овозможиле на едно правно лице да прибави противправна имотна корист од 10 милиони евра. Постапката сè уште е во тек.
Предавството на Шилегов можеби е очекувано поради пороците, приватните слабости и долгови. Но, според информации со кои располагаме, Основното јавно обвинителство во 2024 година доставило барање за доставување податоци и за оформен предмет за јавна набавка на Град Скопје од 2021 година.
Овој предмет се уште е во истражна постапка се однесува на времето на времето кога Петре Шилегов ја извршуваше функцијата гГрадоначалник на Скопје.
ВМРО ги уценува со кривични пријави или други процеси“.