ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче
За владејачката партија изгледа дека поважно од победата на локалните избори е што ќе се случува во опозициската СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, затоа што партијата доживеала пораз во Струмица.
„СДС на овие локални избори доживеа историски дебакл. СДС во главниот град отиде до таму да не може да влезе ниту во втор круг. Во главниот град Скопје се дури четврти, пред нив трети се дури и ‘Вреди’.
СДС предводена од Венко Филипче го изгуби во прв круг и бастионот Струмица. Граѓаните и во бастионот на СДС јасно им кажаа не за нивните политики.
Венко Филипче ја направи СДСМ трета партија, по општини гледано некаде и четврта.
Единствениот добар и користен потег што може да го направи за народот и за самата СДС е да си поднесе оставка“, вели ВМРО-ДПМНЕ.