Власта си ги зголемила парите за мебел за пет пати


Власта вели дека нема пари за поголеми плати за работниците, а  во Буџетот ги зголемува парите за купување мебел дури за пет пати, реагира утрово СДСМ со соопштение. Притоа потсетуваат дека владата ги зголемува парите и за купување службени возила на владините функционери за дури 75%.

„За расипничката власт на Мицкоски граѓаните не се приоритет, нема пари за поголеми плати на работниците, нема повеќе пари за стандардот на граѓаните, нема повеќе пари за здравство, образование,  социјала. Додека трупа огромни долгови врз грбот на граѓаните и го зголемува јавниот долг за историски најголеми 70%, единствен фокус на владата на Мицкоски се сопствените луксузирања, затоа толку многу пари мебел и возила. Со овој Буџет ниту ќе има раст ниту економски развој и ќе значи уште една загубена година“, реагираат од СДСМ.