Владата одлучи неработниот 7 мај да се одработи на 8 јуни


Фото: Б. Грданоски
Владата на седница донесе заклучок на 8 јуни (сабота) да се одработи 7 мај кој поради посетата на папата Франциск беше прогласен за неработен ден во Скопје.

Одлуката се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за градинките и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности.

Владата му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Град Скопје да ја спроведе оваа одлука доколку ја спровеле претходната препорака – 7 мај да биде неработен ден.