Владата му предложи на Уставниот суд да ја укине времената мерка за СЈО


Фото: Б. Грданоски

Владата на денешната седница на барање на Уставниот суд утврди мислење да му предложи најкраток можен рок да ја укине изречената времена мерка за поднесената иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Специјалното јавно обвинителство, а онаа за финансирањето на СЈО во целост да ја отфрли како неоснована.

Исто така, Владата смета Уредбата за прашања поврзани со изборниот процес е целосно во согласност со Уставот и мисли дека Уставниот суд треба да ја отфрли поднесената иницијатива во целост како неоснована.