Ноќва вее снег на Маврово
На Фејбук профилот на Маврово, вечерва споделија видео на кое се гледа како вее крупен и густ снег.
„Каде за први мај? Врнежи од снег како да сме февруари, а не април“, се коментира со видеото.
Од УХМР предупредија дека во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.
Ова условува и вржени од снег во повисоките планински места како што е Маврово.