Владата ќе им даде помош од 10 денари по кг на винариите, но не и на лозарите, тврди СДСМ
Опозициската СДСМ тврди дека на владината седница на 25 ноември е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со доделување финансиска поддршка од 10 денари за откупен килограм грозје на винариите, но не и на лозарите.
„Владата на Мицкоски и министерството на Трипуновски нема пари по 3 денари да им даде на лозарите ама ќе им дава 10 денари по килограм на винариите откако преходно им даде 2 денари“, рече Александар Димитриевски од Комисија за земјоделство на партијата.
Според него, најиндикативно е што оваа помош ќе се доделува само откупеното грозје во периодот од 17 септември до 31 октомври 2025. Тој изјави дека оваа одлука е скандалозна и мирисала на корупција.
Димитриевски праша дали винариите се поважни од лозарите и зошто само за откупеното грозје во овој период. А и врз каква анализа ја предложил оваа мерка министерот Цветан Трипуновски.
„Станува збор скандалозен обид за испумпување на државни средства и поигрување со секој вреден земјоделец кој со месеци чека на државната финансиска поддршка.
Трипуновски одби да ја објави производствената цена на најзастапените вински сорти ‘вранец’ и ‘смедеревка’. Ова одбивање на почитување на Законот донесе срамни откупни цени за трудот на лозарите на сметка на откупувачите.
Нема пари за лозаропроизводителие, нема субвенции за одгледувачите за овци, млекопроизводителите, градинарите, органските производителите и регистрираните земјоделци.
Но очигледно власта има пари да дели и тоа по дополнителите 10 денари по килограм откупено грозје на мал број откупувачи кои дополнително се богатат на маката на лозарите.
Корупцијата во земјоделството мора да биде запрена веднаш“, рече Димитриевски.
На ова одговори со соопштение владејачката ВМРО-ДПМНЕ: „На владина седница е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со мерка за доделување на финансиска поддршка за откупен килограм грозје бидејќи винарските визби откупуваа до последно зрно грозје и имаат направено залихи коишто не ги планирале. Во Програмата е уредено винарските визби кои што крателе 8% на лозарите, да не можат да ја користат владината помош“.