Владата го откажа настанот за прогласувањето на Шар Планина за национален парк, по веста за пожарот во Тетово
Владата го откажа настанот што требаше да се одржи утре по повод прогласувањето на Шар Планина за национален парк.
По вестите за големиот пожар во ковид-центарот во Тетово, во кој има и жртви, од Владата соопштија дека манифестацијата се откажува.
На настанот, утре попладне на Попова Шапка, требаше да присуствуваат премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина Насер Нуредини.