Вкупните депозити во февруари со годишен раст од 9,9 отсто, вкупната кредити со 12,6 отсто


Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 12,6%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.