„Виталиа“ ја претстави својата визија за здрава иднина на China-CEEC Expo 2025 во Нингбо, Кина


Македонската компанија за здрава храна, „Виталиа“, го претстави својот бренд и иновативните производи на четвртото издание на China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair, што се одржа од 22 до 25 мај 2025 година во Нингбо, Кина. Овој престижен саем, организиран од кинеското Министерство за трговија и партнери од ЦИЕ регионот, претставува платформа за унапредување на економската и културната соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Во текот на овие четири дена, „Виталиа“ активно ја промовира својата експертиза, иновации и визија пред повеќе од 15.000 професионалци, дистрибутери и владини претставници од Кина и Европа, притоа презентирајќи го своето портфолио на штандот како дел од Македонскиот павилјон, но и на две посветени бизнис сесии – „Food Matchmaking Meeting“ и „New Product Launch“.

На овие настани беа презентирани новата Детската линија – „Happy Little Adventures“ и Пробиотската линија, која веќе бележи успех на европскиот пазар. Присутните имаа можност одблиску да се запознаат со вредностите, квалитетот и технолошката напредност на производите на „Виталиа“.

„Нашето присуство на овој саем не е само изложба – тоа е мост кон нови партнерства и идни соработки. Кинескиот пазар покажува сè поголем интерес за функционални производи, без шеќер и со природен состав – токму она што ‘Виталиа’ го создава со децении. Интересот што го добивме од увозници, дистрибутери и институции потврдува дека здравата храна повеќе не е избор, туку потреба! “ – изјавија претставниците на Компанијата на саемот.

Под мотото „Нови визии за иднината“, саемот собра над 435 компании од целиот регион и над 15.000 посетители, вклучувајќи професионалци од различни индустрии, купувачи, трговци и медиуми. За „Виталиа“, ова претставуваше не само изложба туку и стратешка можност за вмрежување, размена на искуства и отварање нови канали на соработка на азискиот пазар, велат од компанијата.