Вирусот стигна и во последната африканска земја

Малата држава Лесото го пријави првиот позитивен случај од ковид-19, па така стана последната од 54 африкански земји во која стигна вирусот.
Министерството за здравство на Лесото денеска соопшти дека едно лице кое допатувало во земјата деновиве, е позитивно тестирано на корона вирус, но нема сиптоми. Првиот пациент во Лесото е изолиран.
Лесото е држава на југот од Африка, целосно окружена од Јужноафриканската Република. Има околу 2 милиони жители.
ЈАР пак, е земја со најмногу заележани случаи од корона вирус, 11.350, во Африка.
Корона вирусот споро се ширеше во Африка, но бројот на заразени е во пораст.
Според податоците на африканските центри за контрола и превенција од болести, до сега се заразени повеќе од 69.500 луѓе и дека од последиците од болеста починале повеќе од 2.400 пациенти.