Виктор Орбан до Брисел: Каде ви се парите?
Унгарскиот премиер Виктор Орбан два дена води кампања против ЕУ на Твитер прашувајќи го Брисел каде му се парите и тврдејќи дека земјите членки треба да дадат дополнителни милијарди евра придонес во ЕУ буџетот бидејќи во спротивно Унијата ќе банкротира. Според него тоа што требало да биде буџет за седум години ЕУ го потрошила само за две.
Во интервју за унгарски медиум Орбан изјави дека парите што сега се бараат дополнително од земјите членки се наменети меѓу другото за Украина, иако Европската унија веќе дала 70 милијарди евра за оваа намена во изминатата година и половина, а не се знае за што се искористени овие пари. Вториот важен елемент на предлог-буџетот, според него, е дека ЕУ сака да ги натера сите земји-членки да го платат зголемениот каматен товар за заемот – од кој Полјаците и Унгарците не добија ниту денар – што ЕУ го подигна. Третата голема сума треба се бара, според него, за да се олесни доаѓањето на мигрантите во Европа, место да се спречи.
Во меѓувреме, тврди Орбан ЕУ бара владата да го укине кратењето на комуналните сметки за да останат неколку милијарди евра за зголемување на платите во Брисел.Значи, вели тој, Унгарците треба да ја платат цената со тоа што ќе платат повеќе за нивните режиски трошоци, нагласувајќи дека целата работа е целосно апсурдна.
Според него, Европската комисија мора да одговори на прашањето каде отидоа парите и кој е одговорен што таа е доведена до работ на финансиски банкрот за две и пол до три години.
„Каде се унгарските пари? Каде се полските пари? Се плашам дека и го дадоа на Украина“,
изјави премиерот.
Тој посочи дека ЕУ ја губи конкурентноста и има огромни економски проблеми. ЕУ останува без пари, поради што сакаат се повеќе да се задолжуваат, а потоа тие пари да ги користат за „погрешни“ цели, што ги доведува земјите-членки во должничка замка, подвлече Орбан во интервјуто.
Тој потсети дека предлогот за мигрантски квоти беше протуркан низ Советот на министри за внатрешни работи на што силно се спротивставиле Полјаците и Унгарците. Тој рече дека се договорени правила според кои Унгарија треба да прими најмалку 10.000 мигранти.
Еве ги пораките на Орбан на Твитер кои се толку неочекувани од еден премиер на држава членка на ЕУ, што првиот впечаток е дека се работи за лажен профил, а не е
– Сакаме да знаеме кој е одговорен за доведување на Европската унија до работ на банкрот. Каде се парите?
-Само 2 години од 7-годишниот буџет, а Брисел останува без пари. Како се случи ова? Што се случи со буџетот? Каде се парите?
-Наместо да ја запре илегалната миграција, Брисел сака да потроши милијарди повеќе за населување илегални мигранти во Европа.
– Комисијата би земала дополнителни милијарди евра од земјите членки за да ги подигне платите на бриселските бирократи. Ова е срамота!
– Брисел бара нови ресурси од земјите-членки за покривање на дефицитот во буџетот на ЕУ поради зголемувањето на каматните стапки, додека продолжува да ги задржува средствата од Унгарија и Полска од заедничкото задолжување. Ова е неприфатливо.
– Неприфатливо е Брисел да сака да и даде дополнителна помош од 50 милијарди евра на Украина, а ние не знаеме ништо за користењето на средствата од ЕУ испратени од почетокот на војната.