(ВИДЕО)Кошкање меѓу граѓаните и полицијата во Љуботен


Фото: Независен весник - од полициската акција во Љуботен

При утринската акција на полицијата во скопското село Љуботен дојде и до мало кошкање меѓу граѓаните и полицијата.

Според официјални информации управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција во скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама.