(Видео) Жириновски лани: Русија повторно ќе стане голема, ќе почувствувате на 22.2.2022


 

Видео со снимката од говорот на ултранационалистичкиот руски политичар и претседател на Демократската партија Владимир Волфович Жириновски, се шири по социјалните мрежи.

Говорот го одржа лани на 27 декември, во руската Дума.

„Во 4 часот наутро на 22 февруари ќе ја почувствувате нашата нова политика. Би сакал 2022 година да биде мирна. Но ја сакам вистината. 70 години ја зборувам вистината. Нема да биде мирно. 2022 година ќе биде година кога Русија повторно станува голема“, вели тој.