(Видео) Жена нападна и плукна постар маж оти не носел маска, а и самата не носеше


На летот на „Делта ерлајнс“ од Тампа за Атланта, во САД, една жена нападна постар господин, поради тоа што не носел маска.

Инцидентот се случил на 23 декември, а жената го удира мажот и го плука, по долгата вербална расправија.

Патриција Корнвал (51), уапсена е по слетувањето на авионот.

Таа му вика на старецот, а и самата ја носи маската под брадата.

„Седни, Карен“, ѝ одговара тој (Карен е жаргонски израз кој се користи за привилегирани жени кои сметаат дека заслужуваат поголеми повластици од другите и ги користат привилегиите за да постигнат цел, на штета на другите).

Мажот вели дека не мора да носи маска, затоа што јаде, но таа го плука.

Погледнете ја снимката:

Полицијата и ФБИ одбија да потврдат дека се работи за Патриција Конрвал, а идентитетот на нападнатиот маж не е познат.

Полициската уптава на Атланта потврди дека жената е уапсена и однесена во притвор.

Нејзиниот адвокат потврди на суд дека таа е во затвор од 23 декември.