(Видео) Застрелан напаѓач со нож во Осло


Маж кој без маица и вооружен со нож почнал да напаѓа случајни минувачи во Осло бил сопрен од полицијата пред да успее сериозно да повреди некого.

На снимка се гледа како полициски автомобил удира во напаѓачот, а тој потоа успева да стане и да ја отвори совозачката врата и притоа да го повреди полицаецот кој е таму. Во тој момент е и застрелан.

Инцидентот се случил во 9 часот утринава во населбата Бислет во главниот град на Норвешка.

„Се подготвуваше да нападне минувачи кога полицијата пристигна и го спречи. Двајца имаше нападнато, веројатно имаше намера да напаѓа уште“, вели Торгеир Бренден од норвешката полиција.

Полицаецот кој на снимките се гледа како е нападнат е без посериозни повреди.

Сѐ уште не е познат мотивот на напаѓачот, иако очевидците велат дека извикувал „Алах акбар“ додека напаѓал.

Норвешката полиција засега нема излезено со детали околу ситуацијата на напаѓачот, дали е убиен при интервенцијата или само ранет.