(Видео) Во Канада 18.000 луѓе се отсечени од светот


Екипите на итната помош се обидуваат да стигнат до 18.000 луѓе во Британска Колумбија кои се отсечени од остатокот од светот поради поплавите и свлечиштата кои ги уништија патиштата, куќите и мостовите.

Според тамошните медиуми, тоа може да биде најскапа природна катастрофа во историјата на Канада.

Премиерот на Британска Колумбија Џон Хорган, прогласи вонредна состојба и рече дека бројот на загинати ќе се зголеми во однос на сегашниот потврден еден смртен слуачј, а полицијата наведува дека уште четири лица се водат како исчезнати.

Повлекувањето на водата помогна во спасувачките напрои, но водата сепак блокира цели градови во ртаа провинција, како и пристап до најголемото пристаниште во земјата Ванкувер, што го наруши глобалното снабдување, пренесе Ројтерс.

Многу од погодените градови се наоѓаат во планинските области источно и североисточно од Ванкувер каде е ограницечн пристапот.

Министерите на покраинската влада вчера соопштија дека некои автопати полека почнуваат повторнод а се отвораар, Но, некои градови пријавија немање гориво, а се размислува за увоз од САД или соседна Алберта.

Во отава речните текови почнаа да го намалуваат нивото на водата, но ситуацијата и понатаму е критична. Официјална Отава вети дека ќе прати стотици припадници на воздухопловните сили во Британска Колумбија, а некои веќе се пристигнати. Илјадници други се во готовност. Купувачите ги испразнија полиците во продавниците, а покраинската министерка за земјоделство Лана Попам порача дека снабдувањето со храна е сигурно и дека нема да останат без храна.

Поплави ја погодија и американската сојузна држава Вашингтон.